Шкендија ги договори првите два тест дуели: Против Ренова и Македонија ЃП

Шкендија ги договори и првите две контролни средби за време на зимските подготовки.

Тимот на Ќатип Османи првата тест проверка по стартот на подготовките ќе ја има на 16. јануари во Тетово против градскиот ривал Ренова. Втората контрола исто така ќе се игра во Тетово, на 20. јануари против Македонија ЃП.

Есенскиот шампион во моментов активно, иако под зимски услови, ги одработува тренинзите од првата подготвителна фаза во градот под Шара. По двата тест дуели во Тетово планирано е заминувањето и во Анталија.

Се вчитува...