Шкендија ги дозна можните противници доколку го изненади Тотенхем

Тетовска Шкендија ги дозна можните противници за плеј-оф рундата од квалификациите во Лигата на Европа, доколку успее следната недела на арената „Тодор Проески“ во Скопје да го изненади големиот фаворит Тотенхем.

Можно противници во последното квалификациско коло во најмасовното европско натпреварување за тетовци се Ростов на Давид Тошевски и МОЛ Фехервар на Муслиу и Николов, како и шкотскиот Ренџерс, францускиот Ремс, како и подобриот од мечот меѓу романска Стеау и Слован Либерец од Чешка.

Шкендија потенцијалниот противник во последното коло од квалификациите ќе го дознае денеска на ждрепката која е закажана за 14 часот.

Се вчитува...