Шкендија ги дозна потенцијалните ривали: Најлесни се Велшаните, најтешки – Финците

Македонскиот првак Шкендија утре ќе го дознае првиот противник во квалификациите за Лигата на Шампионите, на ждрепката што ќе биде извршена во Нион.

Тетовските „црвено-црни“ ќе ја имаат улогата на носители во вториот барабан од ждрепката, заедно со Будуќност, Клуж и со Алашкерт. Шкендија за ривал ќе добие еден од неносителите, но и таму конкуренцијата не е нималку наивна, бидејќи станува збор за Хелсинки од Финска, Борац Бања Лука од Бих, Мура од Словенија и Конан Квеј од Велс.

Првите средби од ова квалификациско коло ќе се играат на 6/7 јули, а реваншите се закажани за 13/14 јули.

Воедно, Шкендија објави дека се разделува од поранешниот младински репрезентативец Енур Тотре, кој не потпишал нов договор со тетовци. Тотре го носеше дресот на Шкендија од 2014 година, тој има и два настапи за сениорската репрезентација на Македонија, но сепак се реши за нов предизвик во кариерата.

Се вчитува...