Шкендија ги продолжи договорите со Тодоровски, Емини, Мурати и Бојку

Како што се очекуваше тетовска Шкендија ги продолжи договорите со четворица актуелни првотимци на кои со крајот на сезоната им завршија досегашните.

Десниот бек Благоја Тодоровски се договори за уште една година соработка со тетовци, со можност за продолжување на истата, а нов едногодишен договор потпиша и офанзивецот Изаир Емини.

На дополнителни три години верност се обврза Мевлан Мурати, а на две години со можност за продолжување на соработката на уште две.

За Шкендија сега останува најголемата задача, договор со капитенот Ферхан Хасани на кого исто така во јуни му заврши договорот за соработка.

Се вчитува...