Шкендија го официјализираше Албанецот Гледи Мици

Шкендија денеска и официјално го промовираше најновото свое засилување, 27-годишниот левокрилен дефанзивец Гледи Мици со кого потпиша тригодишен договор.

Албанскиот дефанзивец доаѓа во Шкендија од редовите на албанскиот Скендербег од Корча, каде настапуваше изминативе две сезони. Претходно има настапи и за Кукс и Фљамуртари Валона.

Мици треба да ја пополни левата бековска позиција, но и централната дефанзивна, по заминувањето на Ардијан Цуцули. Сепак, поради недоволно време за пријавување, нема да може да настапи за македонскиот шампион на дуелите против Шериф Тираспол во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...