Шкендија го освои Чаир, Бесарт Ибраими незадржлив за Шкупи (ФОТО)

Македонскиот првак Шкендија успеа да слави на гости против Шкупи на стадионот Чаир со 1-2, остварувајќи ја втората победа во новиот шампионат на Македонија. Тимот на Ќатип Османи по овој триумф се искачи на третата позиција на табелата со осум освоени бода, еден помалку од Работнички и од Академија Пандев.

Бесарт Ибраими беше творец на победата, правејќи пресврт уште во првото полувреме, откако Шкупи прв поведе со голот од пенал на Кристијан Стојковски во 25.минута. Истиот фудбалер и беше соборен во шеснаесетникот од голманот Захов.

Но, Ибраими е ’главна фаца’ во првенството на Македонија, и тоа го покажа и денеска на Чаир. Во 36.минута, тој израмни од пенал, откако Рон Броја играше со рака во шеснаесетникот. На самиот истек од првиот дел, Ибраими со мајсторски потег постигна уште еден погодок, за водство од 1-2. Доби топка на левата страна, влезе во шеснаесетникот, и со прецизен удар, потпомогнат и од дирекот, вторпат ја затресе мрежата на Зендели.

Во второто полувреме, Шкендија го контролираше резултатот, а можеше и до поубедлив триумф, доколку Бесарт Ибраими и Стенио Жуниор ги реализираше одличните шанси. На крајот, сепак трите бода патуваат за Тетово.

Шкупи нема победа ниту по четвртото коло, а има големи амбиции во оваа сезона.

ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-2

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 1-1

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1

СИЛЕКС – ПОБЕДА 0-0

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

Табела: Работнички 9, Академија Пандев 9, Шкендија 8, Вардар 8, Силекс 5, Победа 5, Ренова 4, Македонија ЃП 2, Шкупи 2, Беласица 1.

Се вчитува...