Шкендија го освои Прилеп, и Кратово е високо за Вардар, „романтика“ за Работнички

На Шкендија не и пречи лошиот терен на Могила во Прилеп, па успеа да си освои три бода, славејќи против Победа со 0-2. Со тоа ја зголеми предноста во однос на конкурентите. Ферхан Хасани во десеттата минута од пенал го отвори резултатот за тимот на Ќатип Османи, а Бесарт Ибраими во 90.минута го потврди триумфот. Победа од 83.минута играше со играч помалку поради исклучувањето на Дарко Илиески.

pobeda so skendija

Вардар може да биде среќен што освои и бод, со ремито без голови, против Силекс во Кратово. Избраниците на Чедомир Јаневски повторно беа непрепознатливи, а кратовци пропуштија колосална шанса за триумф во 26.минута.

sileks so vardar

Филип Тимов не успеа да реализира пенал, откако стрелаше само во гредата од голот на Гачевски.

IMG_6561

Работнички славеше и трета победа по ред. „Романтичарите“ на арената „Филип Втори“ го совладаа Шкупи со 1-0, со голот на Чарлс Гофри во 45.минута од средбата. Очигледно дека промената на тренерската клупа донесе позитивни ветришта во клубот од Дебар Маало.

IMG_6930

Затоа пак трагично е во Пелистер. Нов пораз, овојпат на гостувањето против Скопје со 1-0. Мартин Ковачев во деветтата минута заработи црвен картон, а тоа го искористи Дарио Десниќ, кој во 36.минута ја затресе мрежата на битолскиот прволигаш.

Skopje - Pelister 8

Вчера, Ренова ја совлада Академија Пандев со 3-1.

ПРВА ЛИГА, 13.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

СИЛЕКС – ВАРДАР 0-0

ПОБЕДА – ШКЕНДИЈА 0-2

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ 1-0

СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР 1-0

ВЧЕРА: РЕНОВА – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-1

Табела: Шкендија 31, Академија Пандев 21 (-1), Вардар 20 (-2), Силекс 19, Ренова 17, Работнички 16 (-1), Шкупи 15, Пелистер 12, Победа 12, Скопје 9.

Се вчитува...