Шкендија го потпиша и Чешмеџиев од Академија Пандев

Шкендија по освојувањето на шампионската титула ги насочи погледите кон засилувањето на играчкиот ростер, па нов фудбалер на тетовскиот клуб од денеска е Константин Чешмеџиев, кој пристигнува од редовите на Академија Пандев.

Дефанзивецот Чешмеџиев, кој беше поранешен капитен на младинската репрезентација на Македонија, ќе ја засили конкуренцијата во последната одбранбена линија, која беше најслаба точка во одличниот тим на Шкендија ланската сезона. Тој доаѓа од Академија Пандев, а претходно има настапувано за Пелистер и Македонија ЃП.

„За мене е голема чест што станувам дел од Шкендија, освојувачот на двојната круна. Благодарност до оние кои ме донесоа за укажаната шанса, ќе сторам се за да ја оправдам нивната доверба. Чувството е прекрасно, да потпишеш со еден од најдобрите клубови во земјата“ – изјави Чешмеџиев при потписот на договорот.

Претходно, новиот македонски првак го ангажираше и Селмани од Ујпешт, воедно потпишувајќи и нови договори со Алими, Тодоровски, Бојку и со Мурати.

Се вчитува...