Во желбата за креирање тим за битка за шампионската титула сезонава во Првата македонска фудбалска лига, тетовска Шкендија официјално да го промовираше и напаѓачот од Јамајка, Роналдо Вебстер како свое ново засилување.
22-годишниот Вебстер доаѓа од редовите на Брегалница каде изминатава полусезона имаше квалитетни настапи по што го привлече вниманието на Шкендија.
Вебстер имаше договор со Брегалница до јуни 2025 година, но Шкендија се одлучи да го откупи договорот со соодветна отштета за штипјани, и да ги засили своите редови на крилните офанзивни позиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА