Тетовска Шкендија го промовираше и првото засилување за новата сезона, поранешниот младински репрезентативец Ремзифаик Селмани кој доаѓа од унгарскиот прволигаш Ујпешт.
Селмани откако изминатава сезона не успеа да се наметни во првиот тим на Ујпешт се одлучи на преселба во редовите на новиот македонски шампион со кого потпиша тригодишен договор.
„За мене е огромна чест што доаѓам во редовите на новиот шампион. Навистина пресреќен сум што ќе играм во овој тим кој со сериозни амбиции ја чека и новата сезона и европските настапи ова лето. Се надевам дека ќе се вклопам во овој силен состав на Шкендија и во иднина ќе се радуваме на многу нови успеси“ – истакна Селмани по промоцијата во црвено-црниот дрес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА