Шкендија го торпедираше Шкупи, Беласица ќари бод и од Вардар

Актуелниот првак Шкендија повторно има двоцифрена предност (11 бода) во однос на Вардар, откако убедливо го совлада Шкупи на домашен терен со 5-1. Истовремено, Беласица ремизираше против Вардар во Маџари, 1-1.

Омар Имери постигна два гола, а Арменд Алими упати бомба од 30 метри за сигурно водство од 3-0 на Шкендија по првиот дел. Во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа и Агим Ибраими и уште еднаш Омар Имери, кој комплетираше хет – трик. Почесниот гол за Шкупи беше дело на Мухарем Бајрами во 85.минута.

Вардар ремизираше против Беласица (1-1). Струмичкиот тим поведе против Вардар со 0-1, со голот на Георгиев во 36.минута. Но, „црвено-црните“ израмнија со погодокот на Реис Жуниор во 80.минута.

Академија Пандев го совлада Работнички со 3-1. Сашко Пандев искористи голема грешка на гостинската одбрана во 33.минута и донесе водство. Во второто полувреме, Љупчо Дориев го реализираше пеналот за кој самиот се избори во 63.минута, а Оливер Пеев намали на 2-1 во 76.минута. Сепак, во финишот Академија Пандев преку Кристијан Стојковски стигнаа до конечен триумф од 3-1.

Марко Рајковиќ донесе триумф за Силекс на гости против Победа (0-1). Тој во 16.минута ја затресе мрежата на прилепскиот состав.

Македонија ЃП ја совлада Ренова со 3-1. Дејан Тантуровски донесе предност од 2-0, со головите во 10. и во 12.минута. Бурхан Мустафов во 35.минута го намали резултатот, но Робсон да Силва во 54.минута го постави конечниот епилог.

ПРВА ЛИГА, 31.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 5-1

ВАРДАР – БЕЛАСИЦА 1-1

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 3-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 3-1

ПОБЕДА – СИЛЕКС 0-1

Табела: Шкендија 69, Вардар 58, Академија Пандев 50 (-1), Шкупи 42, Ренова 39, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 34, Беласица 31, Победа 23 (-1).

Се вчитува...