Шкендија и Алими спогодбено се разделија

КФ Шкендија и Арменд Алими постигнаа договор за раскинување на соработката. Алими во Тетово стигна во 2014 година и ова беше осма негова сезона во црвено-црниот дрес. Алими за Шкендија постигна вкупно 45 гола.

„КФ Шкендија јавно изразува благодарност до Арменд за посветеноста и посветеноста во црвено-црниот дрес и му посакуваме многу среќа и успех во иднина. Вратите на нашиот клуб за Арменд секогаш ќе бидат отворени за различни соработки во иднина. Ти благодариме за се што направи за нашиот клуб, Арменд. Ти посакуваме многу среќа и успех во иднина!“, стои во соопштението на клубот. 

Во дресот на Шкендија, Алими освои вкупно 5 трофеи, трипати титула шампион на Македонија, а двапати Куп-трофеј.

Се вчитува...