Шкендија им се заблагодари на Хасани и Цуцули: Збогум Буба и Ардијан!

Како и што можеше да се очекува, Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули и дефинитивно ги напуштаат редовите на Шкендија ова лето.

И двајцата, по завршувањето на договорите, не се договорија за продолжување на соработката со тетовци па од Шкендија денеска и со официјално соопштенија им се заблагодарија за досегашната меѓусебна соработка.

„Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули повеќе не се дел од Шкендија. И двајцата го завршија својот договор со клубот на 15. јуни, а по разговорите со раководството беше одлучено соработката да не продолжува понатаму. И двајцата фудбалери веќе го напуштија клубот и како слободни играчи сега се пред реализација на нов трансфер. Шкендија им се заблагодарува на Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули за придонесот во црвено-црниот дрес и им посакува се најдобро во иднина“ – се вели во официјалното соопштение од ФК Шкендија.

Хасани, како што претходно објавивме, е блиску до трансфер во турскиот суперлигаш Ризеспорт, иако за него од претходно постои сериозен интерес уште од неколку турски клубови.

Цуцули, пак, повторно има понуди за продолжување на кариерата од албанските прволигаши Партизан Тирана и Фљамуртари.

Се вчитува...