Шкендија ја чека „лавовска битка“, Вардар пак се враќа под Шара

Двата централни натпревари од денешните четири во 2. коло од Првата македонска фудбалска лига секако се во Ѓорче Петров и во Тетово.

Актуелниот шампион во потрага по првата победа сезона го очекува „лавовска битка“ против Македонија ЃП во Скопје. Тетовци се решени да дојдат до првиот триумф, иако како што велат воопшто не може и не смее да има потценување на противникот затоа што „лавовите“ секогаш играат повеќе од цврст фудбал.

Од друга страна, пак, Вардар по ремито (2-2) во првото коло во Тетово против Шкендија сега повторно се враќа под Шара. Овој пат за пресметка со Ренова…

„Секако дека нашата цел е победа и на овој натпревар, меѓутоа тоа ќе треба да го сториме без потценување. Особено ја респектираме Ренова која што во првото коло обезбеди триумф против Работнички на гостински терен. Тоа кажува дека се квалитетна екипа на која мораме многу да внимаваме. Мораме да го дадеме максимумот на овој натпревар ако сакаме да ги освоиме бодовите. Само без опуштање и со безпоштедна борба на теренот се победуваат вакви натпревари. Реков нашата цел се три бода на овој натпревар, и ќе се обидеме да ги освоиме. Треба да одиграме како што одигравме минатата сабота против Шкендија, со мали корекции на некои грешки кои ги направивме, за да дојдеме до првата победа во оваа сезона“ – вели десниот бек на Вардар, Владица Брдаровски пред денешниот натпревар.

Но, во одлична атмосфера мечот го чека и Ренова сега предводена од Јетон Беќири. „Гипсарите“ се повеќе од мотивирани за триумф и против Вардар, посебно и по гостинската победа на стартот од сезоната против Работнички од 3-4 во Скопје пред една недела.

ДВОЈКИ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ПОБЕДА

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Струмица: БЕЛАСИЦА – АК. ПАНДЕВ

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...