Шкендија делува како казнена експедиција во Првата македонска лига. Тимот на Ќатип Османи славеше убедлив триумф (1-3) и против Пелистер под „Тумбе кафе“, зацврстувајќи ја својата предност на врвот на табелата.
Капитенот Ферхан Хасани со два гола во првото полувреме го трасираше патот кон победата. Уште во четвртата минута погоди за 0-1, а во 39.минута го постигна и вториот гол за својот тим.
Во второто полувреме некогашниот „пелистерец“ Стенио Жуниор погоди и за 0-3, а Матеј Цветановски во 74.минута го постигна почесниот погодок за Пелистер.Силекс во Кратово ја сопре позитивната серија на Академија Пандев. Антонио Бујчевски во деветтата минута беше стрелец на единствениот гол за триумф од 1-0, и за нови три бода за кратовци.
На „Железарница“, многу борба, малку фудбал и ниту еден гол. Работнички беше за нијанса позаинтересиран за да победи, но не создаде ниту една стопроцентна шанса пред голот на Кандикјан.
Во Тетово, Ренова и Победа исто така ремизираа без голови.
Утре се игра натпреварот меѓу актуелниот шампион Вардар и Шкупи.
ПРВА ЛИГА, 9.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 1-3
СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0
РЕНОВА – ПОБЕДА 0-0
СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ 0-0
УТРЕ: ВАРДАР – ШКУПИ
Табела: Шкендија 25, Академија Пандев 14 (-1), Вардар 13 (-2), Силекс 13, Шкупи 12 (-1), Пелистер 9, Победа 8, Работнички 7, Ренова 6, Скопје 4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА