По триумфот над Ренова (2-1) во првиот пријателски натпревар, Шкендија денеска во Тетово славеше и на втората тест средба зимава овој пат против Македонија ЃП со идентични 2-1.
Тетовци до предност дојдоа со голот на Шефит Шефити во 25. минута од натпреварот, а гостите израмнија преку Костовски во 56. минута. Сепак, триумфот на Шкендија го донесе младиот дефанзивец Садриу со голот во 80. минута од средбата.
По оваа контрола, следните за Шкендија ќе бидат за време на подготовките во Анталија, Турција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА