Македонскиот првак Шкендија заработи парична казна од 1.500 евра за навредливото скандирање од трибините на дерби натпреварот против Вардар. Навививачката група „Балисти“ во текот на натпреварот упатуваше навреди кон Деспина, партнерката на голманот на Вардар, Филип Гачевски, а тоа влезе и во официјалниот записник. Исто така имаше и употреба на пиротехника.
Шкендија го доби дербито со Вардар со 1-0, а останаа контроверзи околу непризнатиот гол на гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА