Шкендија ќе игра против словачка Нитра во младинската ЛШ!

Македонскиот младински шампион, екипата на Шкендија ќе игра низ елиминациската „шампионска национална тура“ во годинашното младинско натпреварување од Лигата на шампионите, наспроти првичното објавување од страна на клубот дека ќе игра во натпреварите по групи.

Во првата елиминациска рунда Шкендија ќе се соочи со словачкиот шампион Нитра. Првиот натпревар е на 27. септември во Словачка, а реваншот е на 18. октомври во Македонија.

Доколку ја мине оваа рунда натпревари, во второто коло Шкендија ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Лиепаја и Шахтјор Солигорск. Овие натпревари се играат на 1. и 22. ноември.

Најдобрите осум екипи од „шампионската национална тура“ на пролет ќе се вкрстат со најдобрите осум екипи од групната фаза на натпреварите, по што потоа низ нови елиминациски дуели, почнувајќи од осминафинални пресметки, ќе се дојде до европскиот младински шампион.

Се вчитува...