Шкендија лесно против „лавчињата“, Силекс убедлив против Шкупи (ВИДЕО)

Актуелниот шампион на Македонија славеше со 7-2 на домашен терен против Македонија Ѓорче Петров во натпревар од 14. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Лавовите овој меч го стартуваа со само двајца страници, Колумбијците Перез и Еступињан и со фудбалери од младинскиот погон. Сето ова доаѓа по вчерашната оставка на директорот Бајевски и тренерот Грнчаров, но и поради суспензијата на дел од фудбалерите како што информираа од клубот.

Домаќините стигнаа до брзо водство од 1-0 со погодокот на Мазари во 9. минута од натпреварот. На 2-0 зголеми Рамадани во 16. минута. Младиот Јовчев на голот на лавовите успеа да му одбрани пенал на Адеми во 25. минута, откако претходно гостите во 20. минута намалија на 2-1 преку Етеми. До првиот дел беше и 3-1 со погодокот на Меличи во 30. минута.

Во второто полувреме Шкендија постигна уште четири гола, додека Ѓорче Петров еден за конечни 7-2. Стрелци на погодоците за победникот беа: Мазари, Адеми, Белица и Латифи, додека голот за гостите беше реализација на Омер Сулејмани.

До сигурна победа стигна и Силекс на домашен терен против Шкупи од 4-0. Стрелци на головите за тимот од Кратово во првото полувреме беа: Алиќ на двапати, Пиреш и Митевски. Гостите намалија на 4-1 преку Рибеиро во 51. минута, додека конечните 5-1 ги постави Мирчевски со својот втор гол во 57. минута.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...