Шкендија мотивирана: Тотенхем во мислите…, за да се елиминира Ботошани

Фудбалерите на Шкендија низ максимално позитивна атмосфера го очекуваат дуелот против Ботошани во 2. квалификациско коло од Лигата на Европа, денеска од 17:45 часот во Романија.

Шефот на стручниот штаб, Ернест Ѓока пред натпреварот вели дека Шкендија единствено размислува само на триумф и пласман во следното коло.

„Ботошани е одличен тим, ги анализиравме добро нивните добри и лоши страни и веруваме дека ќе успееме да се наметнеме на утрешниот меч. Дојдовме да победиме, знаеме дека оваа сезона во Европа се игра по еден натпревар, се е поинаку и тимот е подготвен да одигра на таков начин. Верувам дека ќе биде квалитетен меч, затоа што и Ботошани и Шкендија ги карактеризира допадлив и технички дотеран фудбал“ – вели Ернест Ѓока.

Шефот на стручниот штаб на романскиот тим, Мариуш Кроитору, пак, пред натпреварот нагласува дека ги очекува тежок противник и неизвесен натпревар.

„Не чека тежок натпревар, но ова е историска шанса за нашиот клуб да ги продолжи европските натпревари. Шкендија е навистина силен тим и не знам зошто нам ни ја даваат фаворитската улога. Можеби затоа што ние сме од Романија, а Шкендија доаѓа од Македонија каде фудбалот е на пониско ниво. А, ако се погледнат резултатите од последните години на Шкендија се гледа дека имаат и големо интернационално искуство“ – вели Кроитору.

Се вчитува...