Шкендија може да здивне, повредата на Челиковиќ не е сериозна

Лекарскиот тим на Шкендија денеска донесе позитивни вести за тетовските „црвено-црни“, обелоденувајќи дека повредата на Иван Челиковиќ воопшто не е од сериозен карактер.

Стартниот лев бек настрада при еден дуел на самиот старт од неделниот меч со Скопје, по што се стравуваше од проблем со лигаментите на скочниот зглоб. Врз Челиковиќ денеска беа извршени лекарски прегледи при што беше утврдена дисторзија на зглобот, а на фудбалерот му е препорачано мирување од неколку дена.

Неговиот камбек на терените може да се очекува најдоцна за една седмица, што значи дека Челиковиќ ќе го пропушти единствено утрешниот дуел со Ренова, по што повторно ќе му биде на располагање на тренерот Ќатип Османи.

Се вчитува...