Шкендија имаше на „менито“ речиси сигурен двомеч со Селтик, но наместо пресметка со шкотскиот гигант и полн стадион, тетовци сега во квалификациите за Лигата на Европа ќе се сретнат со екипата на Дуделанж.
Дебаклот на денешниот дуел со Номе Калју го сели македонскиот првак во квалификациите за лигата на Европа, каде Шкендија за ривал го доби поразениот од двомечот Дуделанж – Ла Валета. Оваа пресметка исто така беше решена со повеќе постигнати голови во гости, првиот меч во Луксембург заврши 2-2, па Ла Валета со денешното реми (1-1) на Малта се пласираше во следната квалификациска рунда од Лигата на Европа.
Фонтанела ја доведе Ла Валета во водство на денешниот реванш, Дуделанж во второто полувреме успеа да израмни преку Покар, но не и да направи целосен пресврт.
Шкендија ќе биде домаќин на првиот натпревар, а реваншот од овој квалификациски двомеч ќе се игра во Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА