Шкендија не го „украде“ Барсегјан, ама го доведе Самир Фазли

Македонскиот првак Шкендија не успеа во финишот на летниот преоден рок да го „украде“ најдобриот напаѓач на Вардар, Тигран Барсегјан, но сепак доведе нов напаѓач. Се работи за Самир Фазли, некогашна голема надеж и поранешен репрезентативец, кој сега има 27 години, а претходно настапуваше во Холандија, Швајцарија и во Хрватска. Тој доаѓа од хрватскиот клуб Рудеш.

Напаѓачот има седум настапи за сениорската репрезентација на Македонија, а играше и за Вил, Хелмонд, Херенвен и за Македонија ЃП.

Се вчитува...