Шкендија не застанува со засилувањата: И Зени Хусмани во црвено-црниот дрес!

Шкендија не застанува со засилувањата за продолжението од шампионатот во Првата македонската фудбалска лига во која тетовци ја бранат минатогодишната титула. По трансферот на Агим Ибраими, Шкендија денеска официјално го промовираше и Зени Хусмани како свој нов фудбалер.

28-годишниот фудбалер од средниот ред во Шкендија доаѓа од турскиот Гиресунспор. Претходно заедно со Ибраими настапуваа во словенечки Домжале, а во својата кариера има настапи и за хрватски Шибеник.

Хусмани потпиша двегодишен договор со тетовци, до јануари 2021 година.

Се вчитува...