Шкендија не знае за „романтика“, Пандевци си газат, Вардар го доби Шкупи

Актуелниот првак Шкендија делува разиграно по репрезентативната пауза и го прегази Работнички во Тетово со 6-2. „Романтичарите“ поведоа со голот на Петар Петковски во 11.минута, но Шкендија го даде својот одговор до крајот на првиот дел, и  тоа со три гола.

По неколку нереализирани шанси, Гледи Мици израмни во 37.минута, само една минута подоцна Бесарт Ибраими направи пресврт, а Бесмир Бојку со одличен погодок зголеми на 3-1 пред одморот.

Во 55.минута, Херера си даде автогол, Стјепановиќ намали на 4-2, а потоа и Бесарт Ибраими постигна уште два, за да комплетира хет – трик. Работнички од 62.минута играше со еден фудбалер помалку поради исклучувањето на Оливер Пеев, кој доби два жолти картони.

Вардар со пресврт стигна до триумф од 2-1 против Шкупи. Сержињо во 29.минута го отвори резултатот, но „црвено-црните“ возвратија двојно во второто полувреме. Лира во 53.минута израмни, а Евгениј Новак во 62.минута донесе предност, а потоа и три бода за вардарци.

Академија Пандев се наоѓа на првата позиција на табелата по пет кола, откако денеска го совлада Силекс со 3-0. Сите три гола беа постигнати во вториот дел. Љупчо Дориев од пенал го отвори резултатот, Томислав Илиев во 76.минута зголеми на 2-0, а Дориев на крајот и ја затвори серијата голови.

Победа со минимален резултат ја совлада Ренова (1-0). Бурхан Мустафов во деветтата минута беше стрелец на победничкиот погодок.

Без голови заврши мечот меѓу новите прволигаши Македонија ЃП и Беласица.

ПРВА ЛИГА, 5.КОЛО  – РЕЗУЛТАТИ

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 6-2

ВАРДАР – ШКУПИ 2-1

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 3-0

ПОБЕДА – РЕНОВА 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – БЕЛАСИЦА 0-0

Табела: Академија Пандев 12, Шкендија 11, Вардар 11, Работнички 9, Победа 8, Силекс 5, Ренова 4, Македонија ЃП 3, Шкупи 2, Беласица 2.

Се вчитува...