Шкендија оствари минимален триумф (0-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров и со седум бода се израмни на врвот на табелата со Шкупи по три кола во новиот шампионат. Бесарт Ибраими во 86.минута од пенал донесе победа за Шкендија на овој меч. Претходно, Атанаскоски стартуваше над Ес Сахал Абу-Бакер и судијата Ецкоски покажа на белата точка.
Во 75.минута и Љупчо Дориев беше фаулиран во шеснаесетникот од домашнот голман Христијан Стевковски, но во оваа ситуација немаше пенал за Шкендија. Во финишот, Петров се обиде да израмни, но не беше прецизен.
Академија Пандев нанижа и трет пораз во првенството. „Пандевци“ загубија на гости кај Ренова со 2-0. Првиот погодок беше дело на Ремзифаик Селмани, а триумфот го потврди Ален Јашароски во 90.минута од мечот.
Вчера, Шкупи славеше против Беласица на гости со 0-2, а колото ќе биде комплетирано утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА