Шкендија отпатува на подготовки во Турција (ФОТО)

Актуелниот македонски првак Шкендија замина на подготовки во турскиот туристички центар Анталија, каде ќе ја реализира следната фаза од планот на тренерот Ќатип Османи. Акцент ќе биде ставен на воигрување на составот и одигрување меѓународни пријателски натпревари. Лидерот на табелата по првиот дел од шампионатот во Турција ќе остане до 5.февруари.

Во тимот се и новите големи засилувања, Агим Ибраими и Зени Хусмани, како и напаѓачот Бесарт Ибраими кој се опорави од операцијата на коленото. Шефот на стручниот штаб, Ќатип Османи, има навистина квалитетен фудбалски кадар, а раководството работи да го засили со уште еден квалитетен офанзивец.

Се вчитува...