Шкендија отпатува за Азербејџан: Без Алими, но со силна верба за пласман во 2. коло (ФОТО)

Фудбалерите на Шкендија утрово од скопскиот аеродром отпатуваа за Азербејџан каде утре ги очекува настапот во првото квалификациско коло од Лигата на Европа против Сумгајт.

Тетовци во Азербејџан отпатуваа без еден од најдобрите свои фудбалери, Арменд Алими, кој е позитивен на коронавирусот, но со силна верба дека може да се пласираат во следната рунда квалификации од второто по квалитет европско клупско натпреварување.

„Патуваме за Азербејџан со максимална мотивација, веруваме дека сме доволно силни да ја минеме оваа рунда. Секако, нема да ни биде лесно бидејќи секој натпревар носи потешкотии. Сепак, верувам дека имаме квалитет за да одиграме на високо ниво и да дојдеме до резултатот што го посакуваме и да го освоиме Азербејџан“ – вели и капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими.

Се вчитува...