Шкендија отпатува за Луксембург: Поразот од Скопје треба да се надомести (ФОТО)

Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија отпатуваа за Луксембург каде во вторник ќе го играат реванш мечот против Дуделанж во второто квалификациско коло од Лигата на Европа. На првиот дуел беа изненадувачки поразени со 1-2 и тоа ќе биде последната шанса за да се остане во Европа ова лето. Нема веќе место за поправен, ќе мора да се надомести негативата од Скопје.

Реванш мечот меѓу Дуделанж и Шкендија е закажан за вторник, со почеток во 17.55 часот, на стадионот „Жози Бартел“.

Се вчитува...