Шкендија отвори победнички: Лесно и убедливо го совлада Скопје (ВИДЕО)

Со убедлив триумф од 3-0, тетовска Шкендија ги најави шампионските амбиции во новата сезона. Скопје не беше вечерва достоен ривал за фаворитот, па тимот од Тетово како „домаќин“ во Скопје лесно дојде до трите бода.

Уште од самиот старт тетовската екипа го наметна темпото, ја имаше иницијативата, па Нзенге во 17. минута успеа да погоди во мрежата, и најдобро да се снајде во мешаницата, и со помош на еден од одбранбените играчи на Скопје, да погоди во голот на Наумовски.

На вториот гол се чекаше се до второто полувреме. Се играше 66. минута кога Тамба многу среќно го совлада Наумовски. Топката се одби од стативата и од грбот на искусниот голман на Скопје, и заврши во мрежата.

После девет минути дојде и третиот погодок на Шкендија. Спахиу продре по левата страна и додаде до Рафа Силва кој шутираше прецизно во долниот лев агол од немоќниот Наумовски. Истиот играч после две минути ја погоди стативата, и пропушти можност да поубедлив триумф. Шанса за поубедлива победа пропушти и Бесарт Ибраими кој во првата минута од судиското надополнување промаши пенал, односно Наумовски му го одбрани ударот.

Се вчитува...