Шкендија пишува историја: Младинскиот тим во групите од Лигата на шампионите!

Македонија ќе има свој претставник оваа есен во групната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите, но во младинска конкуренција.

Младинскиот шампион на Македонија, екипата на Шкендија ќе игра во групите од ЛШ во младинска конкуренција за фудбалери до 19 години. Оваа информација денеска ја лиферуваа од ФК Шкендија откако претходно официјално до клубот е пристигното известување од УЕФА, дека согласно коефициентите на екипите кои треба да играат во ЛШ, за Шкендија ќе има директно место во групната фаза.

„Шкендија доби право да биде дел од групите во ЛШ, а потврдата пристигна денеска од УЕФА преку канцеларијата на ФФМ. Шкендија У19, како шампион на Македонија, ќе игра во групната фаза од ЛШ“ – информираат од тетовскиот клуб.

Ова е првпат македонска екипа да биде дел од групна фаза во едно европско клупско фудбалско натпреварување. Минатата година младинскиот тим на Вардар учествуваше во квалификациите за ЛШ но уште на стартот беше елиминиран од австриски Салцбург.

Се вчитува...