Шкендија по бодови во Кратово, Академија Пандев на сериозен тест против Победа

Шкендија е желна за продолжување на низата од три едноподруго победи во шампионатот и на гостувањето против Силекс во Кратово во 6. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци по победите над Беласица, Шкупи и Работнички, сега веруваат дека можат до трите бода и против Силекс, иако составот на Жикица Тасевски е подготвен низ максимална борба да го запре победничкиот од на „црвено-црните“.

А, продолжување на одличниот старт на сезоната посакуваат и во редовите на Академија Пандев кои во Битола гостуваат против тимот на Победа. Јасно е дека тимот на Тони Мегленски ќе биде повеќе од сериозен тест за „пандевци“ кои, пак, со триумф посакуваат враќање на лидерската позиција на табелата.

ПМФЛ – 6. КОЛО (денеска, 15:30 ч.)

Тетово: РЕНОВА – БЕЛАСИЦА

Кратово: СИЛЕКС – ШКЕНДИЈА

Битола: ПОБЕДА – АК. ПАНДЕВ

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...