Шкендија по титулата: Историја повторно испишана во црвено-црно

Шкендија денеска ја слави петтата титула  во клупската историја откако тетовскиот клуб на две кола до крајот стигна до недостижна предност во однос на ривалите.

Тетовци не ја кријат гордоста по големото остварување, преку соопштение веднаш по мечот со Работнички заблагодарувајќи им се на сите што дадоа свој придонес за овој трофеј.

„Историјата повторно е испишана во црвено-црно. Шкендија е шампион на Македонија по петти пат во историјата, фантастично остварување како награда за нашиот труд и посветеност. Благодарност до играчите, стручниот штаб и навивачите од сите делови од светот. Без оглед на вашето отсуство на трибините, љубовта се .чувствуваше секоја секунда. Ова е за вас“, објавија тетовци на официјалниот фејсбук-профил.

Се вчитува...