Шкендија подобра од Ренова во тетовската пријателска пресметка

Актуелниот првак Шкендија со триумф над Ренова од 2-1 ја отвори серијата пријателски средби. Во премиерниот настап на зимските подготовки, тимот на Ќатип Османи оствари победа во последните моменти од тетовската пријателска пресметка со „гипсарите“.

Ренова поведе со голот на новото засилување Мбела во 40.минута, а во вториот дел Шкендија со пресврт стигна до победа. Израмнувањето беше по грешка на одбраната на Ренова и автогол, а победничкиот погодок го постигна Валмир Нафиу во 90.минута од натпреварот.

Се вчитува...