Шкендија подобра од руски Оренбург на вториот тест во Анталија… (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија ја запиша првата комплетна победа на подготовките во Анталија, триумфирајќи со 2-0 (1-0) против руски Оренбург во вториот контролен натпревар.

Првиот тест меч на „црвено-црните“ во Анталија против швајцарски Грасхоперс, како што е познато, беше предвреме прекинат поради огромно невреме во моментите кога Шкендија и тогаш водеше со 2-0. Сега, низ 90 минути, тетовци стигнаа до сосема заслужена победа.

Стрелец на првиот гол за Шкендија беше Изаир Емини во 38. минута од средбата, а Имери стрелаше во 71. минута за конечни 2-0…

Се вчитува...