Шкендија веќе има дрим-тим за македонски фудбалски услови, но актуелниот првак продолжува да ангажира нови играчи, како инвестиција за иднината. Тетовскиот клуб денеска го официјализираше трансферот на Јакуп Бериша, 18-годишен фудбалер кој важеше за голем талент во школата на Вардар.
Овој офанзивен играч за врска денеска го стави својот потпис на првиот професионален договор со Шкендија, по што веднаш отпатува за Анталија, каде му се стави на располагање на Ќатип Османи на подготовките за вториот дел од сезоната.
Актуелниот првак на Македонија потпиша договори со уште двајца фудбалери. Станува збор за 22-годишниот Берат Беќири, кој доаѓа од Данска и ги задоволи вкусовите на стручниот штаб додека беше на проба, како и левиот бек Зија Мерџани, дете од школата на Шкендија кој во последните сезони настапуваше во Гостивар и Струга Трим Лум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА