Шкендија потврди: Фелипе е нов член на шампионот

Хуан Фелипе и официјално е нов член на Шкендија, откако попладнево потпиша договор на „една плус една сезона“ со актуелниот првак на Македонија. Бразилскиот плејмејкер доаѓа директно од големиот ривал Вардар, заминувајќи од скопскиот клуб поради големата финансиска криза во која се наоѓа најтрофејниот македонски фудбалски колектив.

Фелипе попладнево долета во Македонија, по што веднаш замина за Тетово, каде беше официјализиран неговиот трансфер.

Од Шкендија најавија дека големото засилување ќе му се приклучи на тимот по враќањето од Естонија, каде Шкендија ќе го игра квалификацискиот меч за ЛШ против Номе Калју. Фелипе ќе има право за настап од следната квалификациска рунда, во која тетовци во случај на успех против Номе Калју ќе се сретнат со подобриот од двомечот Селтик – Сараево.

Се вчитува...