Шкендија продолжува максимално во лигата: Триумф и над „академците“… (ВИДЕО)

Шкендија продолжува со максималниот ефект во домашното првенство, запоседнувајќи го осамено врвот од табелата по првите три кола со 9 бода откако во денешниот натпревар во Тетово славеше со 2-0 против новиот прволигаш Академија Пандев.

Тетовци својата задача си ја завршија уште во првите 30 минути од играта, иако настапија без капитенот Ферхан Хасани кој отсуствуваше поради повреда.

Водството на Шкендија дојде во 18. минута кога Алими прецизно стрелаше од околу 15 метри по одбиената топка, за да во 30. минута и Жуниор од непосредна близина стрела за водство од 2-0.

Гостите од Струмица успеаја единствено во финишот со голот на Дориев во 88. минута да го ублажат поразот.

По овој триумф, Шкендија е во водство на табелата со 9 бода, пред Пелистер кој има 7 бода, и Силекс со 6 бода.

Се вчитува...