Шкендија ремизираше против Железничар (2-2)

Македонскиот првак Шкендија ремизираше (2-2) против босанскиот тим Железничар на зимските подготовки во Анталија. Тимот на Ќатип Османи одигра многу подобро во второто полувреме, надоместувајќи два гола негатива. Интересно, и двата гола за Шкендија беа постигнати од белата точка.

Железничар поведе во 14.минута со голот на Сулејман Крпиќ. Пред крајот на првиот Асим Зец уште еднаш го совлада Костадин Захов за водство на Железничар од 2-0.

Шкендија заигра многу подобро во вториот дел. Офанзивниот пристап донесе и израмнување, и тоа со два пенали. Изаир Емини во 51.минута намали на 2-1, а Агим Ибраими во 67.минута го израмни резултатот. Жуниор и Фазли имаа одлични шанси да донесат и триумф за Шкендија, но не беа прецизни во завршницата од дуелот.

Се вчитува...