Шкендија ремизираше со Динамо Загреб, деби на Муслиу за тетовци

Тетовска Шкендија одигра без голови против најдобриот хрватски клуб Динамо Загреб во третиот натпревар за време на подготовките во Анталија.

Шкендија одигра рамноправен натпревар против Хрватите во кој и двата тима имаа свои можности за погодок. Но, на крајот мрежите мируваа. Во дресот на Динамо Загреб со капитенската лента на раката настапи и македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

По денешната промоција, пак, во црвено-црниот дрес деби настап за Шкендија имаше најновото засилување Висар Муслиу кој играше од почетокот на второто полувреме.

Стратегот Ќатип Османи натпреварот против повеќекратниот хрватски шампион го почна во следниот состав: Захов, Бејтулаи, Алими, Мурати, Теќа, Адили, Фазлагиќ, Хасани, Радески, Жуниор и Ибраими.

Се вчитува...