Шкендија се засили со Џелил Асани

Шкендија за новата сезона, пред крајот на преодниот рек, се засили и со поранешниот фудбалер на Металург, 21-годишниот Џелил Асани.

Асани, кој игра на левата бековска позиција, во редовите на „црвено-црните“ доаѓа од белорускиот Торпедо Жодино каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно, во својата кариера има настапи за домашните Велазерими и Металург, како и за албанскиот прволигаш Билиш Балш.

Се вчитува...