Шкендија се засилува со Албанецот Едуарт Роча!?

Шкендија за новата сезона би можела да се засили со еден од најдобрите фудбалери во албанската првенство, Едуарт Роча од тимот на Луфтетари.

Како што пренесува албанскиот „Суперспорт“, Шкендија веќе подолг период е во преговори за ангажман на 24-годишниот Роча кој треба да биде замената за Ферхан Хасани во составот на македонскиот шампион.

Дека трансферот на Роча кон Шкендија е на добар пат потврда е тоа што фудбалерот не е пријавен за настапот на Луфтетари во првото квалификациско коло од Лигата на Европа против летонски Вентспилс. Но за да го добие Роча, Шкендија ќе мора да плати 100.000 евра.

Роча минатата сезона одигра 30 натпревари во средниот ред на Луфтетари притоа постигнувајќи и пет погодоци.

Се вчитува...