Шкендија се засилува со Нигериецот од Скендербег, Џејмс Адинији!

И покрај интересот од Шкупи за ангажман на еден од најдобрите фудбалери од албанското првенство изминатава сезона, сепак нигерискиот напаѓач од Скендербег, Џејмс Аденији е веќе блиску до трансфер во редовите на Шкендија.

Шкендија е заинтересирана за ангажман на 25-годишниот Нигериец кој изминатава сезона запиша 10 погодоци во дресот на Скендербег од Корча.

Скендербег го освои првото место во шампионатот на Албанија изминатава сезона, но поради суспензијата од УЕФА нема да има право за настап во квалификациите за ЛШ. Токму поради тоа е и можноста за отстапување на Аденији во редовите на Шкендија како засилување за настапите ова лето во квалификациите за Лигата на шампионите.

Досега нови имиња во редовите на новиот македонски шампион се Костадин Чешмеџиев од Академија Пандев и Ремзифаик Селмани од Ујпешт. На вчерашниот прв тренинг со тимот на стартот од подготовките за новата сезона не беа присутни двајцата капитени Ферхан Хасани и Ардијан Цуцули.

Се вчитува...