Шкендија слави титула, Победа второлигаш, бод за Вардар од Чаир

Шкендија ја одбрани шампионската титула во Првата фудбалска лига, откако го совлада Работнички со 0-1 на арената „Тоше Проески“. Вардар ремизираше 2-2 против Шкупи на Чаир, па тетовци имаат недостижни 13 бода предност на четири кола до крајот.

Енур Тотре беше стрелец на победничкиот гол за Шкендија и тоа во 90.минута, кој и официјално го донесе шампионскиот трофеј за составот на Ќатип Османи.

На Чаир, Шкупи и Вардар ремизираа 2-2. Серџо Јуниор во 32.минута донесе водство за Шкупи, но Реис Жуниор израмни пред полувремето. Муарем Бајрами во 85.минута донесе нова предност за домашниот тим, но Дарко Мицевски израмни само три минути подоцна.

Беласица продолжи со одличните резултати во обидот да се спаси од најлошото. Во Струмица падна Македонија ЃП со 3-1. Душан Савиќ во 35.минута донесе водство за струмичани, а Боби Божиновски израмни во 56.минута. Но, потоа беше досуден пенал за Беласица што го реализираше Душан Савиќ. На крајот, Мартин Мирчевски го потврди триумфот на домашниот тим.

Но, и Силекс победува. Во Кратово беше поразен тимот на Академија Пандев, и тоа убедливо со 3-0. Марко Рајковиќ ја отвори и ја затвори серијата голови, а во листата на стрелците се запиша и Дејан Благојевиќ.

Ренова ја декласира Победа со 9-1 и ја испрати во Втората лига. Влатко Стојановски постигна „покер“, а стрелаа и Бојан Миовски, Емран Рамадани двапати и Бурхан Мустафов и Мухамед Усеини. Единствениот гол за Победа беше дело на Александар Ристевски.

ПРВА ЛИГА, 32.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ВАРДАР 2-2

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА 0-1

БЕЛАСИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

РЕНОВА – ПОБЕДА 9-1

СИЛЕКС – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 3-0

Табела: Шкендија 72, Вардар 59, Академија Пандев 53, Шкупи 43, Ренова 42, Работнички 39, Македонија ЃП 38, Силекс 37, Беласица 34, Победа 23.

 

 

Се вчитува...