Шкендија со донација за тетовската болница во борбата против коронавирусот

Актуелниот македонски првак Шкендија се вклучи во помагањето на медицинските установи во нивната борба за човечки животи за време на пандемијата од коронавирус. Тројца првотимци на „црвено-црните“, Мевлан Мурати, Енур Тотре и Омар Имери, денеска се појавија во тетовската болница, предавајќи ја хуманитарната помош што раководството на клубот од Тетово ја обезбеди за оваа установа.

„Шкендија е клуб на народот, големата поддршка од луѓето секогаш му давала дополнителна сила на нашиот клуб. Во овие моменти на пандемија од Ковид-19, наша обврска е да бидеме со народот. Покрај индивидуалните донации што нашите фудбалери ги обезбедуваат, сакавме на оној начин да им помогнеме на медицинските лица, кои им помагаат на сите оние кои се борат со коронавирусот. Фудбалот е тимски спорт, убедени сме дека на крајот сите заедно ќе победиме во овој предизвик“, изјави Мурати.

Воедно, ФК Шкендија ја искористи можноста да им посака на сите заболени од Ковид-19 што побрзо оздравување, со надеж дека сите наскоро ќе можеме да се вратиме на условите на нормално живеење.

Се вчитува...