Шкендија со Емини ќе ја напаѓа Победа, Пелистер голем фаворит против Скопје!

Водечките две екипи во домашното првенство по првите три кола, екипите на Шкендија и Пелистер, носат сериозни фаворитски улоги пред денешните свои натпревари од 4. коло во ПМФЛ.

Тетовци, без сомнение, атакуваат на нова четврта победа во шампионатот, овој пат против прилепска Победа на домашен терен, желни да го продолжат максималниот ефект. Составот на Ќатип Османи на денешниот дуел ќе биде засилен и со офанзивецот Изаир Емини, кој конечно доби сертификат за настап во црвено-црниот дрес.

Голем фаворит за победа во 4. коло е секако и Пелистер кој на домашен терен во Битола го пречекува Скопје. „Зелените“ веруваат дека може да стигнат до нови три бода, како продолжување на досегашната одлична серија, иако воопшто не сакаат да го потценат противникот.

„По паузата поради настапот на репрезентациите, сакаме да продолжиме во истиот ритам. И покрај тоа што Скопје има само еден бод од досегашните три кола, не сакаме воопшто да го потцениме затоа што не се работи за наивен противник. Напротив, доколку сакаме нови три бода ќе мора максимален ангажман во текот на сите 90 минути“ – вели шефот на стручниот штаб на Пелистер, Срѓан Захариевски.

ДВОЈКИ – 4. КОЛО (денеска, 16 часот)

Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – РЕНОВА

Битола: ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ

ВЧЕРА

ВАРДАР – СИЛЕКС 3-1

Се вчитува...