Шкендија со најдобар ранкинг на УЕФА листата на еден македонски клуб во историјата

По настапите ова лето во квалификациите за Лигата на шампионите и Лигата на Европа, Шкендија е со најдобар ранкинг на УЕФА клупската листа на еден македонски клуб во историјата.

Шкендија во моментов, на најновата УЕФА ранкинг листа, е на 161. место што е најдобар ранкинг за еден македонски клуб. Сето тоа следи по трите едноподруго летни сезони во кои тетовци запишаа успешни настапи на европската сцена.

На листата на УЕФА, Македонија има уште еден клуб во Топ 200, Вардар кој е на 193. место и покрај тоа што оваа година беше елиминиран уште во првото коло од квалификациите за ЛЕ.

Работнички е на 218. место на ранкинг листата, но „романтичарите“ се најдобриот македонски клуб ако се погледне десетгодишната ранкинг листа на УЕФА. Поради фактот дека изминатите претходни десет години Работнички е најконстантниот македонски клуб на европската сцена, е убедливо најдобриот тим од Македонија на десетгодишниот ранкинг на 335. место пред Вардар кој е на 372. место, додека Шкендија е на 414. место.

Се вчитува...