Шкендија со победа ќе слави титула, битка за опстанок во Кавадарци

Денеска се играат три натпревари од 31. коло во ПМФЛ, додека два натпревари ќе бидат регистрирани со службени 3-0. Силекс ги добива бодовите во дуелот против Гостивар, додека Пелистер веќе запиша победа против Воска Спорт.

Шкендија на домашен терен го пречекува тимот на Работнички, и со победа веќе ќе има обезбедена титула. Тетовскиот тим има само еден бод заостанување зад Силекс (кратовци го добија службено мечот со Гостивар), меѓутоа со евентуален триумф ќе направи разлика од четири поени, и вклучувајќи го оној службен триумф следното коло против Гостивар, тогаш тетовци ќе бидат недостижни пред последното коло во кое играат против Силекс. Работнички, пак, во овој меч влегува без никаков притисок, со оглед дека нема шанси за титула, а борбата за Европа е веќе обезбедена со вчерашното реми на Струга ТЛ против Вардар.

Клучна битка за опстанок денеска и во Кавадарци. Тиквеш на свој терен го пречекува составот на Беса. Кавадаречкиот тим ќе мора да ги освои бодовите, за да си ги зголеми шансите за директен опстанок, во спротивно можеби ќе треба преку бараж да бара нова прволигашка виза. Во игра за баражот е и АП Брера која го дочекува Шкупи. Чаирскиот тим без тренер патува во Струмица, и може да си создаде проблеми со евентуален пораз да влезе во битката за бараж.

ПМФЛ, 31. КОЛО

ДЕНЕСКА, 17:00 ЧАСОТ

Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА

ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ   3-0 служ.

СИЛЕКС – ГОСТИВАР  3-0 служ.

ВЧЕРА:

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0-0

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...