Шкендија со пораз го почна европското лето: Минимален триумф на Мура во Скопје (ВИДЕО)

Шкендија загуби минимално со 0-1 од словенечка Мура во првиот натпревар од стартното квалификациско коло за Лигата на европските шампиони. Тетовци на натпреварот на арената „Тодор Проески“ во Скопје беа подобар противник низ 90 минути, но не успевајќи да дојдат до погодок дозволија гостите со предност да се вратат во Словенија пред реваншот кој е за една недела.

Македонскиот шампион со максимална контрола на играта на средината од теренот го почна мечот. Одлична шанса во 18. минута имаше Дориев, потоа се редеа обидите на Ибраими и Алими, но сепак гостите беа тие кои ја ефектуираа првата своја шанса.

До крајот на првиот дел повторно можности имаа Дориев, Алими и Ибраими пред се во периодот од 35. до 40. минута.

Во првата минута од судиското продолжение во шеснаесетникот на гостите беше соборен Дориев од страна на Марушко, но Бесарт Ибраими не успеа да го реализира пеналот за конечни 0-1 на полувремето.

Во второто полувреме слична слика на теренот. Македонскиот шампион доминираше на средината од теренот, создаваше и шанса кои останаа неискористени преки Бесарт Ибраими и Алими, за на крај да се остане на минималниот пораз од 0-1. Гостинскиот голман Обрадовиќ спречи и израмнување во последната минута по обидот на Камер Џака.

Повеќе од тешка задача сега Шкендија ја очекува на реваншот во Словенија во обидот да се пласира во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Се вчитува...