Фудбалерите на Шкендија ги завршија летните подготовки во Словенија, ремизирајќи 2-2 против украинскиот прволигаш Зорја во последниот контролен натпревар.
Украинскиот тим прв поведе во 21. минута со голот на Јелавиќ, но тетовци експресно се вратија во игра и израмнија преку Трумчи во 30. минута од средбата. Во второто полувреме двете екипи постигнаа по уште еден погодок. Стрелец за македонскиот претставник беше Тамба во 72. минута, поставувајќи ги конечните 2-2.
За време на словенечката турнеја, избраниците на Шкендија забележаа една победа против Копер (2-1) и претрпеа два порази од Хајдук (0-4) и Целје (0-1).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
